Албански државјанин починал од повреди откако на глава му паднала гранка додека сечел дрво со моторна пила.
Според СВР Тетово, албанскиот државјанин К.Ц.( 53 ) вчера претпладне во шумско подрачје во атарот на селото Лазарополе, во месноста Јама, сечел буково стебло со моторна пила. Во еден момент врз главата му паднала една гранка и загубил свест.
Повредениот работник со возило на Националниот парк „Маврово“ префрлен е во дебарската болница, а отаму во охридската болница „Свети Еразмо“ каде што утрово им подлегнал на здобиените повреди.
Албанскиот државјанин бил ангажиран преку струшка фирма, која имала тендер за сечење и транспорт на огревно дрво во регионот на Лазарополе.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до несреќата.