Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи.

Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 54, а потоа на територија на СВР Скопје – 51, на територија на СВР Куманово – 43…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.