Македонија да не се надева на старт на преговорите пред да ги стави Бугарите во Уставот а Европа да не ја фаворизира Украина пред западниот Балкан, објави ТВ Сител.
Поранешниот бугарски претседател и еден од фаворитите на идните парламентарни избори во интервју за германски медиум вели дека за Македонија нема друг пат кон Брисел.
„Согласно Европскиот консензус од јули 2022 г., РСМ треба да го промени својот устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите државотворни народи и дури тогаш преговорите за членство во ЕУ можат да започнат. Тоа е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ што е можно поскоро во ЕУ. Не сакаме граници и гранични премини, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат да живеат, работат и комуницираат слободно заедно“, вели порнаешниот бугарски претседател Радев
Изјавата доаѓа по најавата на премиерот дека Брисел разгледува можност Македонија да стане дел од Унијата во 2027 година но без право на глас, потенцирајќи дека за ова да се случи, веројатно услов ќе биде промена на Уставот.
Извор: ТВ Сител




