Единствен начин за излез од политичката криза во Бугарија е Владата веднаш да поднесе оставка оставка, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС.
– Секоја влада мора да има редовен дијалог со граѓаните, а не да ги преплавува со пропаганда за невиден успех. Владата треба да работи на таков начин што ќе ги полни паричниците на граѓаните, а не да ги цица за да ги пополни своите, рече Радев.
Тој оцени дека времето за дијалог е изминато и додаде дека Владата мора да покаже дека размислува за граѓаните.
– Јас не прифаќам поддршка, која има за цел да ја претстави кризата како конфликт меѓу претседателот и премиерот. Ова не е судир меѓу две лица и судир меѓу две институции, ова е судир на народот со мафијашката влада, додаде Радев.
Според него, упорноста на владата ја турка Бугарија во ќорсокак.