Посетата на македонската претседателка Сиљановска Давкова во Софија била неформална и затоа не било истакнато македонското знаме за време на средбите и на официјалните фортографии. Ова во изјава за бугарските медиуми го истакна бугарскиот претседател Румен Радев, кој наводите за провокација од бугарска страна ги нарече шпекулации, додавајќи дека официјално Скопје премногу се фокусирало врз формата, а не врз содржината на средбата. Истата ја оцени како контруктивна и во пријателски дух, посочувајќи дека Македонија немала проблем со Бугарија, туку со исполнувањето на условите од преговарачката рамка.
„Нема место за шпекулации со никакви провокации, средбата беше многу конструктивна. Реализиравме еден многу искрен и конструктивен разговор во пријатна атмосфера, назависно од тоа што средбата имаше целосно неформален карактер. Очекувам овој деклариран стремеж за отвореност и конструктивност да биде прифатен и од владата на Македонија, но да биде јасно дека тоа не беше ниту државна, ниту работна посета и јас се надевам дека во многу скоро време претседателката на Македонија ќе дојде и во државна посета на која со сите официјални церемонии по протокол, ќе допринесе за понатамошно развивање на нашите односи“, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.
Преходно во гостување на бугарската национална телевизија и советникот на Радев, Димитар Стојанов малку зајадливо го бранеше случајот со неистакнувањето на македонското знаме.
„Тоа не е, пак ќе кажам, ниту официјална, ниту државна, ниту работна посета. Дали ако некој државник од соседна држава дојде да пие кафе во Бугарија ние треба да ставиме знамиња во кафулето? Се разбира дека не“, рече, Димитар Стојанов, советник во кабинетот на бугарскиот претседател.