Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев вели дека во последните години најмалку десет пати го канел македонскиот колега Стево Пендаровски да ја посети неговата земја.
Тој му порача на македонскиот прседател да се сврти кон демократизација на Македонија.
„Единствената посета беше на 1 октомври при отворањето на интерконекторот. Дури и тогаш разговарав со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за да може Република Северна Македонија да добие финансиска помош од ЕУ за набавка на струја“, изјави Радев.
Пендаровски вчера кажа дека две години немал конструктивен разговор со Радев и дека за танго се потребни двајца.
Пендаровски објасни дека последен пат кога се видел со него било лани на Мини самитот за енергетика во Софија. Maкедонскиот претседател спомна дека од Бугарија имаше серија провокации.