Министерството за одбрана, со кое раководи Радмила Шеќеринска за овогодинешната потрошена струја ќе му плати на Кочо Анѓушев 1.600.000 евра, покажува сајтот на Бирото за јавни набавки.
На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев да замине од Владата, Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка со Друштвото за трговија и услуги ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС ДООЕЛ Скопје, односно ЕДС на Кочо Анѓушев. На тендерот имало 4 понуди, а го добила фирмата која ја дала најниската цена – фирмата на Анѓушев.