Браво за нашите ракометари, за потегот кој што го направија во Вараждин. Имено пред првиот меч со Унгарците, на еден македонски мал фан од обезбедувањето на салата во Вараждин му беше одземено македонското знаме со сонцето од Кутлеш.
Детето беше неутешно, почна рони и солзи. Сепак малку го развеселија нашите ракометари кои му подарија дрес од репрезентацијата потпишан од сите нив.
На радоста и немаше крај…
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва против Гвинеја го игра третиот натпревар на Светското првенство во Хрватска.