Деветнаесетгодишна жена од радовишко село пријавила дека од 26.02. до 02.03.2020 година нејзиниот свекор (очув на нејзиниот сопруг), Т.Б.(67) во семејната куќа извршил обљуба врз неа, соопшти МВР.

Случајот е пријавен вчера во 15 часот, во Одделението за внатрешни работи Прилеп по што Т.Б. е лишен од слобода и задржан во полиција за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.