Рафаел Надал објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19.
– Здраво на сите. Сакав да објавам дека кога се вратив дома, откако го одиграв турнирот во Абу Даби, бев позитивен на Ковид-19 на ПЦР-тестот што ми беше направен кога пристигнав во Шпанија. И во Кувајт и во Абу Даби поминувавме проверки секој втор ден и сите беа негативни, последната беше во петокот, а резултатите беа во сабота, напиша Надал на твитер
По четиримесечна пауза, 20-кратниот победник на Грен слем го направи своето долгоочекувано враќање на тенискиот шампионат Мубадала минатата недела.
Иако светскиот рекет број 8 загуби на егзибицискиот турнир од Енди Мареј и Денис Шаповалов, шпанецот рече дека тоа бил „позитивен почеток“ бидејќи тој ги засилува подготовките за Австралија опен кој започнува на 17 јануари.