Директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ, за Радио Слободна Европа изјави дека имале тешкотии да и се најде соодветно сместување на Катица Јанева во притворот во Шутка.
– Таа е во посебен оддел, со уште една приведена. Не е во женското одделение, туку во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа. Тоа се поголеми одаи, да не речам ќелии, во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, има за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но, ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме, вели Рахиќ за РСЕ.
Специјалната обвинителка Јанева издржува притвор од 30 дена, поради можност од бегство, да влијание врз сведоци и вмешани во истрагата за аферата „Рекет“, како и уништување докази.
Инаку, летово, Јанева ја имаше таа можност од речиси два месеца, за боледување, одмор во Грција, форматирање телефони и друго.