Нека прекинат да глумат лудило во Јавното обвинителство, порача денеска адвокатот Јанаки Митровски, во врска со најновите детали од криминалната афера Рекет, односно објавувањето на исказот на рекетираниот бизнисмен Јордан Камчев во медиумите.

– Осомничениот и сведокот после распит добиваат примерок од записникот. Ете од каде „протекло“. Затоа нека прекинат да глумат лудило во обвинителството, објави адвокатот Митровски на својот профил на Фејсбук.