Сто дваесет и шест садници се садат во рамки на акцијата во „Рајскиот парк“ во Ново Лисиче. Средствата во износ од 76.440 денари донирани за кампањата „Засади воздух“ беа собрани на трката Skopje Run 10К.
Садниците од „Засади воздух“ ги садат учесниците на Skopje Run 10К, и од ЈП Паркови и зеленило и Град Скопје.
Околу 2.000 тркачи учествуваа на Skopje Run 10К на бул. „Илинден“ во Скопје, се урнаа три рекорди и тоа државниот рекорд на 10 километри улична трка во машка категорија, државниот рекорд на 10 километри улична трка во женска категорија и имаше најголем број пријавени учесници.
Акциите, како што е најавено, ќе продолжат и во иднина. Но, не треба да се заборави и фактот дека во текот на летната суша во Ново Лисиче, како и пошироко во населбата Аеродром се исушија голем број на дрвца и тоа во паркови каде што од пред повеќе години се изградени бунари и системи за наводнување.
Акциите за засадување се добар пример, но откако дрвцата ќе се стават в земја потребна им е и грижа од надлежните.