Во наредните денови пред новогодишните празници времето во Македонија ќе биде постудено со утрински температури под нулата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер.

Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, а во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.