Иван Ракитиќ откри како маки проживувал ноќта пред натпреварот во кариерата. Малку недостасувало Хрватска во полуфиналето да остане без еден од најважните играчи поради висока температура.
-Минатата ноќ имав повисока температура, скоро 39, откри Иван Ракитиќ после најголемата победа во историјата на хрватскиот фудбал.
Ракитиќ одигра маестрално против Англија, повторно беше маестрален заедно со Модриќ и Брозовиќ го држеше средниот ред на Хрватска и играта на репрезентацијата. А за малку останале без него пред натпреварот да почне.
-Лежев во креветот и собирав сили за големиот натпревар. Вредеше, издржав, додаде Ракитиќ.
Тој вели дека за пропуштање на финалето нема ни збор.
-Ма нема шанси. Финалето ќе го играм и со една нога ако треба.