Кадетската машка ракометна репрезентација денеска ги доби петте противници на извлекувањето во Базел за претстојното СП 2019 што ќе се одржи во Македонија во период од 06 до 18 август. На него ќе учестуваат 24 репрезентации поделени во четири групи по шест репрезентации.

Селекторот на Македононја, Данило Брестовац, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги влечеа репрезентациите и групите во кои ќе настапат репрезентациите на претстојното СП.

Македонија имаше привилегија да одбере во која група ќе настапи на СП 2019, ја одбра групата Ц во која ќе се сретнат против репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.

Сите групи на СП 2019:

Група А: Словенија, Хрватска, Шпанија, Норвешка, Чиле, С. Арабија

Група Б: Унгарија, Шведска, Франција, Египет, К. Тајпеј, Канада

Група Ц: Македонија, Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина, Нигерија

Група Д: Србија, Исланд, Германија, Тунис, Бразил, Португалија