Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер поставил едногодишен период во кој клубот треба да се раздели со цели 14 фудбалери, кои не се во неговите долгорочни планови. Според „Манчестер Ивнинг Њуз“, Норвежанецот побарал од Извршниот потпретседател Ед Вудворд тоа да се случи пред почетокот на летната селекција за сезона 2020/21.

Двајца од наведените играчи – Антонио Валенсија и Андер Ерера, веќе не се дел од тимот. Многу наскоро тие ќе бидат следени од Матео Дармијан и Маркос Рохо, иако Аргентинецот сам неодамна изјави дека добил гаранција дека е во плановите на Солскјер.

Најверојатно уште во оваа сезона Алексис Санчез и Ромелу Лукаку исто така ќе се најдат на излезна врата од „Олд Трафорд“. Ешли Јанг, кој ќе наполни 34 години во јули, ќе го напушти тимот следното лето. Според изданието, во клубот веќе се одлучиле да не се активира клаузулата за продолжување на договорот на Немања Матиќ, кој пред почетокот на следната сезона ќе има 32. Фил Џонс и Крис Смолинг добија предлози за нови договори пред назначувањето на Солскјер, но Норвежанецот преферира да му дава повеќе можности на Аксел Туанзебе, наместо да се потпира на искустното дуo, што исто така влегува во листата за „чистка“.

Младите Џејмс Вилсон и Риган Пул исто така ќе бидам ослободени уште следниот месец. На Тимоти Фосу-Менса и Камерон Бортвик-Џексон ќе им бидат барани купувачи сега, но ако такви не се најде, тогаш следното лето овие играчи заминуваат сигурно.