Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија во пријателскиот натпревар што се одигра на салата Автокоманда ја победи репрезентацијата на Бугарија со резултат 31:23.
Репрезентацијата одигра одлично прво полувреме, цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите и донесоа резултатска предност од шест погодоци, односно резултатот на полувремето беше 14:8. Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за конечни 31:23.
Јована Кипријановска и Мила Трајковиќ беа најефикасни македонски ракометарки со по пет постигнати погодоци, додека за репрезентацијата на Бугарија листата на стрелци ја предводеше Марија Маслева со седум погодоци.