Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчеравечер близу Атина ја остварија првата победа во ЕХФ Европската лига откако со 30:27 славеа на гостувањето кај АЕК.
Битолчани по три кола имаат по една победа, пораз и реми, а тренерот Жељко Бабиќ е задоволен од прикажаната игра против АЕК.
– Одгравме перфектен натпревар. Поставивме одлична одбрана и брз контра напад. Момците завршија голема работа, горд сум на нив. Игравме одлично и завршивме голема работа. Не го гледав натпреварот на АЕК против Олимпијакос, но детално ги проучивме нивните адути со кои ги победија Татабања и Ним. Можеби малку изменив, игравме човек на човек врз нивниот најдобар ракометар и добро го неутрализиравме. Задоволство беше да се игра во Грција, истакна Бабиќ.
Битолчани уште денес продолжуваат со подготовка за дуелот против Прилеп во Суперлигата на гостински терен закажан за в петок попладне.