Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари, го предводеше својот тим до победа (117:99) на средба со Бруклин нетс одиграна ноќеска во Њујорк.

За 29 минути на теренот, лидерот на Вориорс постигна 37 поени, седум скока и пет асистенции, реализирајќи девет од 14 обида за тројка.

Кари беше поуспешен и од играчот на Бруклин, Кевин Дурент во директниот дуел меѓу најдобрите двајца стрелци во регуларниот дел од НБА-лигата. Дурант средбата ја заврши со „само“ 19 поени.

Голден Стејт продолжува да води во шампионатот со скор 12-2 (победи-порази).