Не се гради среќа на туѓи солзи, порачува скопјанецот Рале Мизрахи на социјалните мрежи, во врска со францускиот предлог и неговото неприфаќање од страна на Македонците.
Мизрахи во својата објава на Фејсбук упатува повик до Албанците да им се придружат на Македонците во одбивањето на предлогот, но упатува апел и до политичарите, полицијата, војската, до Европа и до народот.
Во продолжение целата објава на Рале Мизрахи:
Ова е последното нешто што ќе го напишам на темава. Пријатели и соседи Албанци, имате историска можност да застанете раме до раме со соседите Македонци и да кажете НЕ! Ако сега покажете солидарност и единство, засекогаш ќе се стави крај на етничката поделба во Македонија! Не се гради среќа на туѓи солзи!
Политичари: Едно насилство носи друго, застанете пред да биде предоцна! Насилството не е секогаш физичко , надменоста и елитизмот имаат рок на траење а еднаш изгубениот образ и доверба повеќе не се враќа!
Администрација, војска и полиција: Не ве вработуваат и плаќаат партии туку татковината! За неа работите, не го заборавајте тоа!
Европо: Не за бирократски предлози со кои се пишува еден глупав и небитен плус во нечија кариера а се уништува цел народ!
Народе: Не очајувај, не паѓај на провокации, видела оваа земја многу, биди единствен, NO PASARAN!