Албанија го признава Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, порача премиерот Еди Рама.
-Во името на народот на Албанија, посакувам Гуаидо и храбриот народ на Венецуела да ги елиминираат нелегалните сили што ја уништија таа земја, – напиша Рама на Твитер.
Гуаидо,инаку, претседател на венецуелското Национално собрание, вчера се самопрогласи за претседател на Венецуела за време на масовните антивладини протести.
Венецуелскиот лидер Николас Мадуро ги прекина односите со САД, откако Вашингтон го поддржа лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо како привремен претседател.