Еден милион кинески вакцини против Ковид-19 се обезбедени во договорот со турски дистрибутер, за време на престојот на албанскиот премиер Еди Рама на Турција.
Според Рама, во рок од 60 дена, половина милион ќе бидат донесени во Албанија, нагласувајќи дека неговата земја ќе може да се справи со оваа пандемија.
– Обезбедивме уште еден милион вакцини. Во моментов имаме договорено половина милион дози во рок од 60 дена. Во Албанија денеска ќе пристигнат 192.000 вакцини. По неколку часа ќе приситигнат на аеродром и кога ќе ви кажав дека ќе успееме, никогаш не се сомневајте дека ќе успееме, напиша Рама на социјалнте мрежи.
Премиерот вчера доцна попладне отпатува за Турција за да го финализира договорот со турската компанија „Кејмен илач Санаји тикарет“ (Keymen Ilaç Sanayi ve ticaret), за обезбедување вакцини од кинеската компанија.
Тој вчера рече дека ќе започнат масовна вакцинација на граѓаните почнувајќи од старите лица.
Со имунизацијата, што во земјата почна на 11 јануари опфатени се над 54.000 лица главно здравствени работници, постари лица од 80 години, просветни работници и универзитетски професори.
Во Албанија до сега приситигнати се над 90.000 вакцини од Фајзер, од АстраЗенека и Спутник В.
Од почетокот на пандемијата направени се вкупно 539.438 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 122.295 лица од кои 32.931 сеуште се активни случаи. Досега закрепнале 87.193 а починале 2.171 граѓани.