Албанскиот премиер Еди Рама најави дека се надева дека наскоро ќе може да излезе во јавноста со повеќе детали за многу важното откритие на гас и нафта во Албанија, за кое верува дека „ќе влијае врз иднината на земјата и енергетската иднина на Европа“, јавува Танјуг.
– Се надеваме дека наскоро ќе можеме да споделиме со нашата јавност, регионално и пошироко, едно многу важно откритие направено од холандската компанија „Шел“ во нашата земја. Тие во моментов не сакаат да зборуваат за бројките. Знаците покажуваат дека можеби сме блиску до многу важно откритие на гас и нафта под земја, што ќе влијае на иднината на нашата земја, но ќе има улога и во енергетската иднина на Европа, вели Рама, пренесе Танјуг.
Рама ова го соопшти во разговор со холандски бизнисмени кои моментално работат во Албанија, како и со потенцијални нови инвеститори заинтересирани да го прошират својот бизнис во оваа земја.