Албанскиот премиер Еди Рама на денешниот Самит на групата раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, истакна дека капацитетот за успешна комуникација меѓу западнобалканските земји е важен услов на евроинтеграциите на целиот регион.
– Европските интеграции се засноваат на заслугите на секоја земја. Меѓутоа, концептот што е сега воведен во новата методологија, значи дека Европската Унија ќе следи и како ние функционираме едни со други, дали имаме капацитет успешно да комуницираме, истакна Рама.
Тој, посочи дека, доколку земјите од Западен Балкан успеат во тоа, Унијата повеќе ќе ги почитува и ќе биде поотворена кон нив.