Албанскиот премиер Еди Рама откако заедно со сопругата Линда го остварија гласачкото право рече дека „овие избори се за Албанија што ја сакаме“ и оти е многу битно да се почитува правото на секој граѓанин без оглед дали одлучил да гласа или не.
-Денеска е многу важен ден за Албанија. Верувам дека овој ден еднаш засекогаш ќе потврди дека со народот никој не може да се поигрува. Суверенитетот на народот не е празен збор, и кој се обидува да му ја одземе сувереноста на народот, нема друг крај освен крај со неуспех и срам. Важно е да се почитува правото на секој граѓанин да гласа или да не гласа. Историјата ни кажува дека овие избори се избори за Албанија што ја сакаме за сите наши деца,изјави Рама.
Искажа убеденост дека во Албанија се случува нешто историско и оти никогаш интересите на една политичка партија или политички сметки не можат да бидат во судир со националниот интерес.
-Ове се избори кои ќе и одржат лекција на политиката дека националниот е над секој личен интерес, посочи Рама,кој „бомбардиран“ од прашања ги замоли новинарите да му го ослободат патот и замина.
Рама и денеска изненади со својата облека. Носеше сако, панталони до колена и високи чорапи. И неговата сопруга изненади со својата облека, која ни најмалку не е официјална.