Амерканскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до албанскиот премиер Еди Рами, во кое му се заблагодарува за поддршката на договорот меѓу Белград и Приштина и предлага преместување на албанската амбасада во Ерусалим.
Тоа го објави Рама на својот Фејсбук, наведувајќи дека Трамп му се заблагодарил за неговата улога во регионот на Балканот и низ цела Европа.
„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката на економската нормализација меѓу Србија и Косово… Ве поканувам да им се придружите на САД и другите европски земји во преместувањето на вашата амбасада во Ерусалим, напишал меѓу другото Трамп во писмото што Рама го објави на Фејсбук,постирајќи при тоа форографија на која се со сопругите, Меланија Трамп и Линда Рама.