Албанскиот премиер Еди Рама бил на заедничка вечера со косовскиот државен врв во домот на косовскот претседател Хашим Тачи.
Веста на Твитер ја објави Рама, а на вечера бил и Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, претседателот на парламентот Кадри Весели, вицепремиерот Фатмир Лимај и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли.
– Од оваа средба нема информации за што е разговарано, но се претпоставува дека во фокусот биле најжешките теми: Идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија и воведената 100 процентна царина за прозводите од Србија и од Босна и Херцеговина. Додека САД и ЕУ се изјаснија против таквата одлука на косовската Влада, ова средба помеѓу премиерот на албанската Влада и косовските лидери, како да е во служба на унифицирање на ставот на двете земји со Албанци, наведува агенцијата „Балкан веб“.
Според истиот извор, средбата доаѓа во време кога односот меѓу претседателот Тачи и премиерот Харадинај се на највисоко ниво на влошување, како резултат на царините за српските стоки, но и ставот на Харадинај против идејата на Тачи за промена на границите на Косово.
Вечерата, додава Агенцијата, се одржала една ноќ по усвојувањето на косовскиот буџет за 2019 година и гласањето на Предлог-законот за дијалог.
– Засега не се знае дали Рама и Тачи успеале да го убедат Харадинај да ја укине царинската такса кон Србија и БиХ, воведена во ноедмври, се наведува во веста.