Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, го прокоментира трансферот на Еден Азар во тимот.

Рамос го идентификуваше Белгиецот како играч од светска класа и смета дека е одличен додаток на тимот на Мадрид.

– Можам да кажам дека ова е одличен трансфер за тимот. Тој е играч од светска класа. Одлична опција, која ќе го зајакне тимот, рече Рамос цитиран од Goal.com.

Азар потпиша со Реал Мадрид на 7 јуни, а самиот играч рече дека играњето за „белиот балет” е негов детски сон.