Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека украинските борци кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат сотрени до крајот на денот.
– На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денеска со помош на Семоќниот, ќе ги сотреме Бандеровците (украински националисти) во Мариупол и целосно ќе го окупираме Азовстал, напиша Кадиров на Телеграм.