За прв пат од 2009 година, англиската Премиер лига повторно е најдобра национална фудбалска лига во светот. Доминацијата на шпанската Ла Лига заврши по девет последователни први места.
Настапите на Ливерпул, Тотенхем и Манчестер сити во Лигата на шампионите многу придонесоа за победата на англиската Премиер лига во годишното рангирање на ИФФХС (Меѓународна федерација за фудбалска историја и статистика).
На второто место се најде Бразилската лига, додека Шпанското првенство падна на третото место. Пад од четири места бележи и Првата македонска фудбалска лига која сега е на 77. позиција.
Најдобрите 10 национални фудбалски првенства според ИФФХС:
1. Англија – 1.287 поени
2. Бразил – 1.165
3. Шпанија – 1.141
4. Италија – 939
5. Колумбија – 849
6. Португалија – 834
7. Франција – 818
8. Холандија – 790,5
9. Аргентина – 776
10. Германија – 765,5.
Од балканските првенства, најдобро котира Хрватска (18. место), а веднаш зад неа се Грција (19-та) и Србија (20. позиција).