Американската студија покажа дека луѓето кои се ронобудни генерално се подобро платени и имаат повеќе секс.

Студијата беше нарачана од фирма за производство на душеци и опфати 2000 американски државјани.

Според студијата,  луѓето кои се дефинираат себеси како ранобудни, спијат во просек 7 часа на ден, имаат секс три пати неделно, се со поголема веројатност да бидат здомени и имаат просечен годишен приход од 42 илјади долари.

Луѓето кои стануваат рано наутро, остануваат подолго на работното место од оние што спијат повеќе од 7 часа.

Американците, кои се нарекуваат „ноќни птици”, спијат 6 часа на ден, имаат секс два пати неделно и заработуваат годишно 4.000 долари помалку од ранобудните.

Поради непознати причини, „спанковците“ почесто веруваат во духови и мистериозни суштества како Јети и чудовиштето на Лох Нес.