Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е позитивен на Ковид 19 и e хоспитализиран на Инфективната клиника а неговата состојба е стабилна, потврдија од Министерството за здраваство за Телма. Преку смс пораки, Телма контактирала со Рашковски кој потврди дека е позитивен и дека е во добра состојба. Тој учествувал на вчерашната он лајн седница на Владата.

Завршени се епидемиолошките анкети на министерот за внатрешни Оливер Спасовски и само еден член од семејството ќе оди во самоизолација. Другите кои изминатиов период имале контакт со Спасовски, епидемиолозите оцениле дека нема висок ризик да се заразат.