Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1.000 денари, рече министерот за здравство Венко Филипче, во вчерашното гостување во ТВ Телма.

Овие брзи тестови за Ковид-19, како што кажа Филипче, ќе чинат 45 милиони денари и се набавуваат преку кредитот од Светската банка.

– Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1000 денари и ќе бидат за сите болнички установи каде што ќе има потреба од брз тест. Таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот, појасни Филипче.