Екс генералниот секретар на Влдата, Драги Рашковски, кој по денешното одложено рочиште за аферата Софтвер, рече дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца.
Рашковски нагласува дека тие се традиционално семејство кое сака да подарува и оти неговите деца често добивале подароци за родендени, крштевки, мекици и сл.
-Децата имаат заштеда која е од нивните родендени, а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претодно. Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и подвижните средства сум ги имал и пред да станам Генерален секретар. Сето тоа е само префрлено, ние сме традиционална земја како секој родител. Станот што сум го имал само сум го префрлил, не станува збор за нов имот. Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал, тврди Рашковски.
Изјавата и видеото може да ги отворите ТУКА.