Повеќе од две третини од граѓаните на Романија веруваат дека нивната земја треба да ги брани своите интереси доколку се во судир со правилата на ЕУ, дури и ако тоа би значело напуштање на Унијата, покажува неодамнешното истражување. Околу една третина од испитаниците не мислат дека напуштањето на ЕУ би влијаело на националните интереси, пренесува Еуроактив.

Истражувањето покажува дека расте рамнодушноста кон ЕУ кај Романците.

Според резултатите од истражувањето спроведено во март и јуни 2021 година, 64,2 отсто и 64,8 отсто од населението, соодветно, сметале дека напуштањето на ЕУ е фер цена за одбрана на националните интереси. Тој процент се зголеми на 68,5 отсто во септември.

Меѓу оние кои се за излез од ЕУ, речиси 60 проценти оценија дека тоа ќе влијае на интересите на Романија, додека една третина од испитаниците не мислат така. Меѓутоа, повеќето испитаници се уште веруваат дека Романија ќе постигне подобар економски развој во рамки на ЕУ, иако нивниот број е намален за три месеци од 62,9 отсто на 57,8 проценти.

Истражувањето, спроведено од Инскоп рисрч и Верифајд, и нарачано од тинк-тенк групата Тратеџик тинкинг, покажува раст на незадоволството од ЕУ и националистичките ставови помеѓу март и септември.

На пример, во септември, 47 отсто од испитаниците рекле дека веруваат дека Романија има корист од влезот во ЕУ, наспроти 61% отстово март. Членството во ЕУ Романија го оцениле како штетно 46 отсто од испитаниците во септември и 35 проценти во март, пренесува Еуроактив.