Американскиот синџир на ресторани со брза храна, Мекдоналдс регистрира пад на профитот и приходите во третиот квартал, но и раст во клучни региони – Британија, Франција и Јапонија. Тоа укажува на подобрување на продажбата, објавија од компанијата.

Нето приходите на Мекдоналдс се намалени воминатиот квартал на 1,6 милијарди долари што е за 13,1 отсто помалку во однос на истиотпериод минатата година. Но тогаш приходите биле околу 850 милиони долари благодарение на работењето во Кина и во Хонг Конг.

Приходите на Мкдоналдс сепаксе намалени во третиот кавртал за 6,7 отсто на 5,4 милијарди долари. Но,во исто време пригодите одпродажба во ресторани отворени подолго од 13 месеци, што е клучен показател, се зголемени во сите четири клучни регионални категории. На матичниот, американски пазар, зголемени се за 2,4 отсто.