Добрила Кацарска, судијката која посебно ни стана позната по судењата за измислениот тероризам за „27 април“ и „мерцедесот“ на Груевски, сидика која неодамна беше посрамена од двајца адвокати и Уставниот суд, судијка која стана позната по смешниот начин на кој ги водеше постапките, во вечерашното интервју во емисијата 360 степени рече дека Камчеви не барале правни совети од неа за случајот „Рекет“.
–Ниту мајката на Орце, Ратка Камчева, со која сум премногу блиска, секој ден се слушаме и гледаме, не ми спомнала ништо за случајот, вели Кацарска.
Инаку, во март оваа година, за 1ТВ на Бојан Јовановски, Кацарска зборуваше за пријателството со Камчеви:
-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години.
Фамлијата Камчеви ги чувствувам како моја фамилија- истакна Кацарска.