Врховниот суд на Велика Британија, која по Брегзит излзе од ЕУ, пресдуди дека шкотската влада не може да одржи втор референдум за независност без одобрение на британскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Одлуката е голем удар за надежите на националистите за одржување на гласање следната година.

Во 2014 година, Шкотите на референдум го отфрлија прекин на над 300-годишната унија со Англија со 55% против.

Сепак, активистите за независност го оспорија гласањето две години подоцна со образложение дека излегувањето на Британија од Европската унија, на кое се спротивставија мнозинството шкотски гласачи, значително ги промени околностите.

Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен, лидер на Шкотската национална партија (SNP) што се залага за независност, најави претходно оваа година дека има намера да одржи референдум за независност на 19 октомври 2023 година, но тој мора да биде легален и меѓународно признат.

Сепак, британската влада во Лондон соопшти дека нема да одобри уште еден референдум, со образложение дека тоа треба да биде настан што се случува еднаш во една генерација.

Анкетите покажуваат дека гласачите остануваат рамномерно поделени околу тоа дали ја поддржуваат независноста или не, така што резултатите од гласањето би биле многу спорни.

Старџен веќе вети дека одбивањето на Високиот суд ќе значи дека нејзината партија ќе се бори на следните избори во Обединетото Кралство, кои треба да се одржат во 2024 година, исклучиво врз основа на платформата дали Шкотска треба да биде независна, што„де факто“ ќе биде – референдум.

„Предлог-законот што ја спречува Шкотска да ја избере сопствената иднина без согласност на Вестминстер, го урива митот за Обединетото Кралство како доброволно партнерство и го прави случајот за независност“, напиша Старџен на Твитер.

„Денешната одлука блокира еден начин гласот на Шкотска да се слушне за независноста –а но во демократија нашиот глас не може и нема да биде замолчен“, рече таа категорично.