На плоштадот „Македонија“ денеска се одржа модна парада насловена „Горда сум што сум своја“, каде жени во костуми за капење со гордост го покажаа своето тело без разлика на нивната големина, висина, кожа, „недостатоци“…
Парадата беше организирана со цел жените да ги отстранат сите предрасуди и да живеаат сакајќи и прифаќајки го нивното тело, токму такво какво што е.
Како што наведоа организаторите, парадата е организирана со цел „соблекување на сите видови на предрасуди“.
– Секогаш постојат моменти кои го дефинираат начинот на нечие размислување, барем кај оние кои се во потрага по себе си. Тие треба да се зграбат затоа што само тогаш се освојува можноста да бидеш горда. Десетина жени го направија тоа и без разлика на својата големина, висина, кожа или таканаречени „недостатоци“, излегоа само во костими за капење пред сите, истакнаа организаторите.
Модната парада, организирана од „Лисца“, за прв пат се одржува во Скопје.