Семејство од американската сојузна држава Тексас било непријатно изненадено кога за својата матурска прослава добиле торта од стиропор.

Имено, Марса Флорес нарачала торта на катови во ланецот маркети Волмарт, но нарачката некако се изгубила, па управителот ѝ понудил да избере која било друга торта. А, оттаму се обврзале на неа да додадат глазура и слика.

И, сè било в ред до сечењето на тортата кога откриле дека таа е од стиропор.

Марса се вратила во продавницата и добила отштета од 60 долари, колку што чинела тортата, уште еден бонус и вистинска торта.

Волмарт соопшти дека сè тоа било „недоразбирање“.