Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, утре без стуја ќе останат дел од општините Центар, Чучер Сандево и Зелениково, соопшти РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. „11 Октомври“ броевите 14, 16, 18, ул. „Даме Груев“ бр. 1 и објектите околу зелено пазарче во Општина Центар.

Без струја од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. „Борка Талески“ во Општина Центар, како и дел од село Танушевци, Караула Танушевци, село Кучевиште, село Малино, село Брест, дел од село Мирковци, село Побожје, село Бродец во Општина Чучер Сандево.

Од 12:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на бул. „Климент Охридски“ број 52 и број 54 во Општина Центар, а од 8:30 до 16:00 часот и дел од корисниците на село Вражале во Општина Зелениково.