Игор ДУРЛОВСКИ
Конечна Слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор.
Мојата ќе почнам да ја живеам од денес.
Ти благодарам Господе, благодарам на моите најблиски и сите поддржувачи.
Нека моето денес за неправедно осудените биде утре.
Да живее Македонија!
Ова е ФБ објавата на Игор Дурловски како рекација на денешната пресуда на Апелациониот суд во Скопје со која беше потврдена ослободителната пресуда за него од првостепениот суд, а беше потврдена пресудата за осудените за „27 април“, со тоа што беа намалени казните.
Па, така, наместо вкупните 211 години затвор, сега вкупната казна за сите нив е 188 години.