Демократската партија на Србија (ДСС) денеска соопшти дека реакцијата на европските функционери за одлуката на Собранието на Македонија за пристапување кон уставни измени според договорот со Србија, го потврдува целосниот слом на системот на вредности на ЕУ.
ДСС смета дека одлуката за отпочнување процес за промена на Уставот на Македонија заради смена на името на државата, е во спротивност со волјата на мнозинството граѓани изразено на референдумот и дека е предупредување дека европскиот пат на некои држави претставува пат во неслобода, неправда и нееднаквост.
– Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан многу добро знае дека собраниското мнозинство е обезбедено со корумпирање на неколку пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со пуштање од притвор на тројца пратеници против кои се води кривична постапка и со ветена аболиција, соопшти ДСС.
Од оваа српска партија додаваат дека Хан со честитката на властите во Македонија и со зборовите дека одлуката на Собранието е „голем ден за демократијата во Скопје“ покажува дека демократијата, владеењето на правото и останатите вредности за кои ЕУ се залага се „само мртво слово на хартија“.
ДСС ги оцени како скандалозни политичките случувања во Македонија, во кои под закрилата на ЕУ и НАТО, брутално се гази волјата на македонскиот народ.