Македонскиот народ се самоорганизира да спречи пристап на Бугари и организирани бугарски групи до гробот на Гоце Делчев. Иницијативата за ноќна стража на гробот на Гоце Делчев се шири низ цела Македонија, објави Курир.
Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.
На социјалните мрежи пак, е објавен повик граѓаните тој ден да ја блокираат патарината Куманово- Скопје со цел нивно спречување.
-Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, стои во објавата.
Бугарската агенција го пренесува повикот објавен на социјалните мрежи и на некои портали да се блокираат патишта за да не се дозволи Бугари да стигнат до на гробот на Гоце Делчев за време на прославата на 151-годишнината од неговото раѓање на 4 февруари во Скопје.
Аденцијата пишува дека граѓаните на социјалните мрежи се организираат да го блокираат патот кон Куманово, а потоа кон главниот град. Луѓето се организираат за да ги спречат Бугарите и организираните бугарски групи да одат на гробот на Гоце Делчев.
Иницијативата за ноќно бдение на гробот на Гоце Делчев се шири низ Македонија и надвор од неа, пишува БГНЕС.