Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието.
Но, не поради неговите вештини на теренот, туку поради гримасата што ја направи додека неговата избраничка Георгина Родригез даваше интервју.
Роналдо и неговото семејство пред неколку дена пристигнаа во Мадрид каде имаа многу обврски. Кристијано ја прослави годишнината од отворањето на својот хотел, а Георгина присуствуваше на дипломирањето на нејзината сестра Ивана.
Потоа заедно организираа тематска роденденска забава за ќерката Ева и синот Матео.
Во средата, парот учествуваше на промоција на познат бренд на минерална вода. По официјалниот дел, новинарите побараа од Георгина да каже неколку зборови. Не се знае што кажала Георгина, но реакцијата на Роналдо на нејзините зборови е едноставно одлична. Португалецот најпрвин ги ококори очите, не верувајќи во тоа што го слуша, а потоа нешто и шепна на Георгина, а на крајот горко се насмеа.