Еден од најдобрите напаѓачи во светот Еден Азар се уште не стигнал во Мадрид, а веќе и создава главоболка на управата на Реал поради неговиот омилен број 10 на дресот.

Станува збор за истиот тој број кој го носи хрватскиот репрезентативец и надобриот играч на светот за 2018 година, Лука Модриќ.

Белгиската ѕвезда како иден лидер на нападот на „кралевите“ го сака својот омилен број, бројот 10, кој исто така го носел и на дресот на Челзи, но и на белгиската репрезентација.

Како што пишува „Марка“, излезот од ваквата ситуација може да се изнајде доколку Зидан го замоли Модриќ да му го отстапи неговиот број на новиот колега.