Раководството на Реал Мадрид го отпушти Хулен Лопетеги.
По седницата на Одборот на директорите, беше соопштено дека стратегот повеќе нема да го води „кралскиот“ клуб.
Денеска Лопетеги последен пат го водеше тренингот на „белите“, а вечерва по средбата на директорите веста беше официјално соопштена.
Раководството на клубот има рок од 14 дена, во кои ќе го објави името на новиот тренер. Во спротивно, на клубот може да му биде изречена санкција.
– Почнувајќи од денеска, 29 октомври, Одборот на директори го прекинува договорот на Хулен Лопетеги, се вели во официјалното соопштение на клубот.
Сантијаго Солари го презема првиот тим додека не биде назначен постојан менаџер