Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо на интересен начин ја прокоментира новата епизода на технички проблеми за време на вчерашната трка за Големата награда на Мексико во Формула 1.
Австралиецот призна дека не може да дочека да излезе од „проколнатиот автомобил“ и да му го предаде на Пјер Гасли.
Трката на „Аутодромо Ерманос Родригез“ беше деветтa во сезоната што 29-годишниот возач не успеа да ја заврши. За разочарувањето да биде уште поголемо, болидот на Рикардо откажа на 10 круга пред крајот, кога беше на третото место.
– Јас не мислам дека зборот „фрустриран“ не е вистински за мене. Се изгледа толку безнадежно, изјави Рикардо, кој следната сезона ќе вози за Рено.
Тој смета дека со оглед на ситуацијата во која се наоѓа, не е неопходно воопшто да учествува во преостанатите две трки.
– Не сум имал чиста трка или викенд долго време. Јас не сум суеверен или нешто слично, но овој автомобил… тој е проколнат. Не наоѓам други зборови во себе. Беспомошен може е вистинскиот збор. Едноставно работите што ми се случуваат во недела… не можам да ги објаснам. Тој автомобил… јас едноставно ќе му го дадам на Гасли, јас завршив со него, додаде разочараниот Рикардо.