Кристијан Ериксен е играч кој држи цена на пазарот. Еден од најдобрите играчи на Тотенхем и фудбалер кој на Светското првенство ќе ја предводи Данска е блиску до заминување во Реал Мадрид.
Одличниот Данец го сакаат и во Барселона, но поред информациите тој повеќе би сакал да игра во европскиот шампион.
Тотенхем за Ериксен бара меѓу 90 и 100 милиони евра, а Реал наводно е спремен да плати баш 100 милиони. Реал од Тотенхем веќе ги има купено Лука Модриќ и Герет Бејл. За Ериксен сега ќе платат колку што платија и за бејл.
Во Премиер лигата Ериксен ги помина последните пет години, но сега е спремен за нови предизвици. Реал сака да го доведе како замена за Бејл, кој е на излезна врата.